Бон Џови со нов сингл го најави претстојниот албум (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Американскиот рок-бемд Бон Џови го објави новиот сингл „Limitless“, песна која ќе го предводи нивниот нов албум „Bon Jovi: 2020“.

Tие најавуваат возбудлив материјал, кој треба да го поттикне оптимизмот во овој несигурен свет.

Бендот неодамна ја објави само инструменталната верзија и побара од фановите да погодуваат зборови. Оној кој ќе биде најблиску до оригиналот, ќе има можност да им се придружи во текот на турнејата и да ја пее песната заедно со нив.

На албумот, кој во САД ќе биде реализиран на 15 мај, ќе се најдат уште девет нови песни.

Слични содржини