Фронтменот на групата U2, Боно смета дека денешната музика е премногу „женскаста“. Тоа е одговор на прашањето дали смета дека револуцијата на рок енд ролот е зад аголот.

„Мислам дека музиката стана многу „женскаста“, но има во тоа и добри работи. Меѓутоа, хип-хоп музиката е начин на изразување на бесот на младите мажи, а тоа не е добро“, вели Боно за Rolling Stone.
Додаде дека и тој бил бесен кога имал 16 години, но нашол начин да го изрази тој бес.
„Во мене имаше лутина, но морав да најдам место за неа, било да е тоа на гитара или на тапани. И рок анд ролот има бес во себе, тоа е причина за успех на бендовите Who или Pearl Jam“, вели Боно.
Тој во интервјуто зборува и за својот нов албум „The Songs of Experience“ кој допира до политичкиот притисок на различни прашања во светот. Боно откри дека неодамна речиси умрел, но не кажа детали.