Грчката противпожарна служба соопшти дека состојбата со пожарите во Западна Атика, Лаконија и Родос е подобрена, но поради екстремните временски услови постои можност за нивно ширење.
Во Западна Атика работат 300 пожарникари, во Лаконија повеќе од 50, додека на Родос на гаснење пожари работат 102 пожарникари, пишува „Катимерини“.
Противпожарната служба апелираше до граѓаните да бидат внимателни бидејќи, како што велат, најголем дел од пожарите се предизвикани од невнимание.
Портпаролот на службата Јанис Артофиос изјави дека вчера на Крит биле уапсени тројца мажи.
Министерството за климатски кризи и цивилна заштита соопшти дека денеска под висок ризик од пожар се регионите на Атика, Централна Грција, Пелопонез, Северно Егејско и Јужно Егејско Море.