Борел: Агресивната војна на Русија против Украина е егзистенцијална закана за Европа

од Vladimir Zorba

Војната на Русија против Украина претставува егзистенцијална закана за целата Европска унија и ја принуди Унијата да ја стави одбраната во центарот на сопствената безбедносна политика, изјави високиот претставник на ЕУ, Жосеп Борел.

„Во време кога американското учество во Европа станува сè помалку сигурно, оваа војна претставува егзистенцијална закана за ЕУ“, сподели Борел во блогот на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи, по повод објавувањето на неговата книга „Европа меѓу две војни“.

Тој оцени дека е потребна промена на парадигмата во европската одбрана, истакнувајќи дека Европа предолго ја делегираше својата безбедност на САД и дозволи „тивко разоружување“ во последните 30 години, по падот на Берлинскиот ѕид.

Слични содржини