Борел: ЕУ ќе стори сé за да ги врати луѓето дома

од Vladimir Zorba

Приоритет на ЕУ е евакуација на граѓаните на Унијата и Авганистанците кои работеа за меѓународната заедница во последните дваесет години, но и на сите новинари, интелектуалци и членови на граѓанското општество кои сакаат да го напуштат Авганистан, e заклучок на седницата на министрите за надворешни работи на ЕУ предводена од министерот за надворешни работи на ЕУ – Жозеп Борел.

Борел на прес -конференција по состанокот рече дека ЕУ ќе стори сé за да ги врати луѓето дома.

Тој наведе дека првичната цел за започнување на акцијата во Авганистан била уништување на Ал Каеда, одговорна за нападите во Соединетите држави на 11 септември 2001 година, но и дека оваа цел со текот на времето се променила во „создавање модерна држава“.

„Првата цел беше успешна, но втората не“, рече Борел.

Министерот за надворешни работи и потпретседател на Европската комисија Борел рече дека треба да се преземат сите политички чекори за да се осигура дека доаѓањето на талибанската влада не предизвикува нов бран бегалци, но и дека треба да се воспостави дијалог со Талибанците, со примарна цел за спречување на хуманитарна катастрофа.

Слични содржини