Борел: ЕУ ќе ја зголеми поддршката за Украина, но не може да ги замени САД

од Stefanija Kuzmanovska
192 прегледи

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, денеска по пристигнувањето на самитот на Европската политичка заедница во Гранада изјави дека на Украина ѝ е потребна поддршка од ЕУ и дека Брисел истата ќе ја зголеми, но нагласи дека ЕУ не може да ги замени САД.

Борел рече дека „не е добра вест“ што конфликтите во Вашингтон фрлаат сомнеж за продолжувањето на поддршката за Украина и се надева дека тоа сè уште не е конечниот став на САД.

Тој изрази жалење што претседателите на Азербејџан Илхам Алиев и на Турција Реџеп Тајип Ердоган не присуствуваат на самитот во Гранада.

Слични содржини