Косовската и српската страна постигнаа договори за регистарските таблички, потврди високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел.
„Среќен сум да ве информирам дека главните преговарачи на Косово и Србија постигнаа договор за мерките за избегнување на понатамошна ескалација и целосно фокусирање на предлогот за нормализирање на односите меѓу нив“, напиша Борел на Твитер.
Serbia will stop issuing licence plates with Kosovo Cities’ denominations & Kosovo will cease further actions related to re-registration of vehicles.
I will invite the parties in the coming days to discuss next steps
I thank EUSR @MiroslavLajcak & the Parties for the hard work.
— Josep Borrell Fontelles (@JosepBorrellF) November 23, 2022
„Србија ќе престане да издава регистарски таблички со имињата на косовските градови, а Косово ќе престане со понатамошните дејствија поврзани со пререгистрацијата на возилата. Ќе ги поканам страните во наредните денови да ги разгледаат следните чекори. Му благодарам на специјалниот претставник Мирослав Лајчак за неговата напорна работа“, додаде Борел.