Борел ќе биде домаќин на средбата меѓу Курти и Вучиќ во Брисел на 14 септември

од Radmila Tasevska

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел денеска изјави дека на 14 септември во Брисел ќе се одржи нова рунда дијалог на високо ниво меѓу Белград и Приштина.

„На 14 септември ќе бидам домаќин на нова средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина на ниво на лидери, на која ќе бараме решенија за актуелната ситуација“, изјави Борел во Толедо. Тој додаде дека на неформалниот состанок на министерот за надворешни работи на ЕУ во Толедо се разговарало за проширување на Европската унија.

Борел додаде дека министрите се согласиле со предлогот на шпанското претседателство со ЕУ следниот месец да се одржи министерски состанок за земјите од Западен Балкан.

Слични содржини