Борел: Нема да се смириме сè додека Балканот не влезе во ЕУ

од Vladimir Zorba

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел, изјави пред Советот за безбедност на ОН денес дека „ЕУ нема да се смири сè додека земјите од Западен Балкан не станат дел од ЕУ“.

„За таа цел, ние сме целосно мобилизирани да ги поддржиме помирувањето и реформите како најдобар противотров на националистичката реторика“, рече Борел.

Во својот говор, тој најави дека следната недела во Брисел ќе се одржи нов состанок за дијалог меѓу Белград и Приштина, организиран од ЕУ.

На сесијата посветена на соработката меѓу ООН и ЕУ, Боел пред Советот за безбедност на ООН зборуваше за улогата и поддршката што ЕУ ги дава за одржување на глобалниот мир и безбедност, соработката со ООН и регионалните организации.

Тој го наведе Западен Балкан како пример за „длабокиот ангажман“ на ЕУ, каде што се потребни „итни резултати“.

Покрај Западен Балкан, Борел ги спомена и Белорусија, Украина и Блискиот исток.

„Општо кажано, ние не сакаме геостратешка конкуренција во Европа. Ние сакаме мирно, просперитетно и стабилно соседство, без таканаречени долгорочни конфликти и зони на влијание“, нагласи Борел.

Тој повика на заживување на мултилатерализмот заснован на меѓународното право и истакна дека ЕУ останува посветена на соработката и принципите на ООН.

Слични содржини