Борел: Она што се случи во Авганистан е пораз за целиот западен свет

од Stefanija Kuzmanovska

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел изјави денеска дека е неопходно да се разговара со Талибанците со цел да се обезбеди евакуација на странски државјани и оние Авганистанци кои соработувале со силите на НАТО.

„Реков дека треба да разговараме со Талибанците, и за некои беше скандалозно, но како можеме да отвориме безбеден премин до аеродромот ако не разговараме со оние што ја презедоа контролата врз Кабул?“, рече Борел, пренесува АП.

Министерот за надворешни работи на ЕУ истакна дека негова главна грижа е моменталната состојба на оние луѓе на кои им е потребна помош и кои сакаат веднаш да го напуштат Авганистан од страв од одмазда, и дека иако негова одговорност се оние кои соработувале со силите на НАТО, тоа не ја исклучува можноста ЕУ да биде отворена и за други Авганистанци.

„Она што се случи во Авганистан е пораз за целиот западен свет и сите ние мора да имаме храброст да го прифатиме тоа“, заклучи Борел.

Слични содржини