164
Руската анексија на четири области во Украина го прави „речиси“ невозможно завршувањето на војната во Украина, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.
Анексијата на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон го прави „многу потешко, речиси невозможно завршувањето на војната“, изјави Борел за шпанската телевизија „RTVE“.
– Русија ја губи војната. Таа го загуби во морална и политичка смисла, но Украина се уште не победи – рекол Борел на форумот на североистокот на Шпанија, каде што ги бранеше европските санкции наметнати на Русија и воената помош за Украина.