Борел: Руските сили ќе бидат уништени ако Путин ја нападне Украина со нуклеарно оружје

од Берта Китинска
142 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, денеска ја предупреди Москва дека нејзините сили ќе бидат „уништени“ со воен одговор од Западот доколку претседателот Владимир Путин употреби нуклеарно оружје против Украина, пренесува АФП.

На отворањето на Дипломатската академија во Брисел, Борел рече: „Путин вели дека не блефира. Па, тој не може да си дозволи да блефира и мора да биде јасно дека луѓето кои ја поддржуваат Украина и Европската унија и нејзините земји-членки, и САД и НАТО исто така не блефираат. Секој нуклеарен напад врз Украина ќе создаде одговор, не нуклеарен одговор, туку воен одговор толку силен што руската војска ќе биде уништена“.

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така рече дека Русија се соочува со „тешки последици“ доколку изврши нуклеарен напад врз Украина.

Сепак, алијансата престана да се заканува дека ќе го користи својот нуклеарен арсенал како одговор бидејќи Украина, која не е членка, не е покриена со клаузулата за самоодбрана.

Слични содржини