Борел: С. Македонија добро напредува, билатералните прашања не го диктираат пристапувањето во ЕУ

од Nikola Popovski
261 прегледи

Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел во изјава за „БНР“ појаснил дека нема пречки за пристапувањето на Северна Македонија во Европската Унија.

На прашањето кои ќе бидат следните чекори на ЕУ доколку до ноември С. Македонија не признае во својот устав постоење на етничко бугарско малцинство и не ги вклучи Бугарите во својот основен закон како државотворен народ, како што е предвидено со т.н француски предлог за почеток на преговори за членство во европското семејство, Борел одговорил:

„Северна Македонија добро напредува и од европска страна нема ништо што би го блокирало нејзиниот пристап во ЕУ. Во овој пристап строго ќе се почитуваат европските принципи и стандарди. За ова дефинитивно е неопходна добра соработка и регионалната соработка останува суштински елемент, како и стабилизација, за да може да се спроведе процесот на пристапување. Но, билатералните прашања нема да бидат обврзувачки и нема да го одредуваат процесот на пристапување“, рекол Борел за „БНР“.

Слични содржини