Борел во Њујорк ќе се сретне со лидерите на Западен Балкан

од Stefanija Kuzmanovska

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, ќе престојува во Њујорк на 77-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, каде, меѓу другото, ќе се сретне и со лидерите на земјите од Западен Балкан, соопштено е на веб-страницата на Европската унија.

Тој денеска ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш, а утре ќе учествува на панел посветен на Украина и глобалните кризи („Од Украина до Америка: Зајакнување на закрепнувањето од глобалните потреси“), заедно со министерот За надворешни работи на Украина Дмитро Кулеб и министерот за надворешни работи на Гватемала Марио Букар, меѓу останатите.

Се очекува тој да одржи прес-конференција на крајот од средбата во 22:00 часот по средноевропско време.

Слични содржини