Борел за изјавата на Трамп: НАТО не може да зависи од хуморот на американскиот претседател

од Stefanija Kuzmanovska
257 прегледи

НАТО не може да биде воен сојуз кој зависи од расположението на американскиот претседател, изјави денеска шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел во врска со изјавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп дека нема да ги заштити земјите кои не ги плаќаат своите обврски кон НАТО и дека ќе „ја охрабри Русија да ги нападне“.

Во пресрет на состанокот на министрите за развој на ЕУ, запрашан да ја коментира изјавата на Трамп, Борел рече дека НАТО не може да биде „а ла кард“ воен сојуз кој зависи од хуморот на американскиот претседател, пренесува „Ројтерс“.

Зборувајќи за Агенцијата на ОН за помош и работа за Палестина, Борел наведе дека мора да биде во можност да продолжи да работи додека се истражува можната вмешаност на некои од нејзините 13.000 членови на персоналот во нападот на Хамас на 7 октомври во јужен Израел.

„Никој друг не може да го направи тоа што го може УНРВА, треба да се проверат обвинувањата. Да почекаме да се спроведе истрагата. Во меѓувреме луѓето мора да јадат, одат на лекар“, заклучи Борел.

Слични содржини