Трофеите од Вимблдон, Ју Ес опен и Дејвис купот, медалите и облеката – сè е на аукција.
Поранешниот германски тенисер, Борис Бекер, ги ставил на аукција личните работи, трофеи и сувенири во вредност од 230.000 милиони евра за да собере пари и да ги исплати долговите, пренесуваат од британските медиуми.
На продажба освен трофеите и медалите ќе бидат ставени и рекети, часовници, облека па дури и чорапите.
Аукцијата по пат на интернет ќе трае до 11-ти јули, а работите на Бекер се продаваат во организација на стечајните работници.
Шестгодишниот грен слем шампион прогласи банкрот во јуни 2017-та година.
Аукцијата на неговите работи претходно беше организирана, но одложена откако Бекер се повика на дипломатскиот имунитет од судските постапки. Тој тогаш рекол дека е поставен за аташе за спорт и култура на Централноафриканската република.