Бигарскиот премиер Бојко Борисов во понеделникот во Лондон рече дека според проценките на челниците на Западен балкан, паневропските коридори во тој регион ќе чинат триесетина милијарди евра и ќе изградбата на дигитална инфраструктура ќе чини дополнителни пет милијарди евра.

Борисов зборуваше на отворањето на Третиот инвестициски самит за Европската банка за обнова и развој ЕБОР за Западен Балкан конкретизирајќи дека главните паневропски сообраќајни коридори за кои зборува се IV, VIII и X.
„Плнот кој го предлагаме е многу корисен за секоја земја на Западен Балкан. Коха тие сообраќајникоридори ќе бидат подрогтвени, секоја поединечна престолнина ќе биде достапна по железнички пат и автопат, и благодарение на тоа, со интернет“, вели Борисов.
Нагласи дека сите проекти ќе бидат претставени на состанокот со Жан Клод Јункер, претседателот на Европската комисија и челниците на земјите од Западен Балкан во Софија на 1 март. На тој состанок сите шест лидери на земји од регионот ќе појаснат кои делови од проектот се веќе подготвени, колку пари се потребни да се довршат и кој ќе го финансира тоа.
Според него, реално е тие коридори да бидат готови за седум до осум години.