Борисов бара Петков да направи отстапки за да се реши спорот со Македонија

од Nikola Popovski

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов бара од новиот премиер Кирил Петков да направи отстапки за решение на спорот со официјална Софија и најави дека ќе го поддржи во одлуката.

-Ние им кажавме на нашите соседи, постојат две-три теми: малцинствата, промената во Уставот и изјаснувањето за историјата. Кога ќе ги решите, ќе продолжите напред, вели Борисов во интервју за бугарските медиуми.

Според него, Бугарија на никаков начин не ја запира Македонија.

-Како да им кажеме – повелете во Европската унија, а потоа да ја наполниме Унијата со проблеми за кои не се разбираме. Затоа ги забавивме. Еве, сега сме подготвени, тие да направат отстапки, нашата Влада да направи отстапки, да поминат во Собранието и ќе ги поддржиме, рече Борисов.

 

Слични содржини