Борисов е уапсен само 6 часа подоцна откако во Бугарија претстојуваше главната европска обвинителка

од Nikola Popovski

Според твитот објавен со две фотографии од Европското јавно обвинителство (ЕППО), првата европска обвинителка за борба против корупцијата Лаура Ковеши вчера околу 14 часот ја посетила Бугарија.

„Денеска, главниот европски обвинител се сретна со (бугарскиот) министер за внатрешни работи Рашков и министерката за правда Јорданова, а го посети и генералниот обвинител Гешев“, пишува ЕППО.

Неколку часа подоцна, бугарските медиуми објавија за апсењето на поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов и неколку негови сопартијци, што може да се поврзе со доаѓањето на европската обвинителка од Романија.

Потсетуваме, Борисов и неговите колеги синоќа беа приведени при специјална акција на бугарската полиција во соработка со Европското јавно обвинителство, објавија бугарските медиуми.

Заедно со поранешниот премиер, приведени се и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов, како и поранешната претседателка на собраниската Комисија за буџет Менда Стојанова и поранешната шефица на владината служба за информирање Севдалина Арнаудова.

Слични содржини