Борисов попушта: Предлагам измени во Уставот, ќе се намали бројот на пратениците

од Nikola Popovski
125 прегледи

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, се обрати на нацијата во врска со протестите што веќе подолго време ја потресат земјата, предлагајќи да се направат одредени измени во сегашниот Устав.

Како што објасни тој, уставните измени првенствено ќе се однесуваат на Националното собрание, но и работата на државниот обвинител, чија оставка ја бараат демонстрантите.

Покрај тоа, Борисов предложил да се намали бројот на пратеници од 240 на 120, како и да се намали бројот на места во Големото национално собрание од 400 на 280.

Што се однесува до главниот обвинител, Борисов рекол дека тој треба да излегува еднаш во шест месеци пред Националното собрание, така што пратениците ќе имаат можност да побараат образложение за одредени случаи.

„Време е нашата држава да се ресетира“, посочил тој.

Борисов исто така изјавил дека тоа е она што го барале луѓето од него, што го чекале со години.

„Овие предлози ќе ја зајакнат довербата во сегашната политичка опција, додека оние пратеници кои живеат во форма на анонимност едноставно ќе исчезнат. Ќе се зајакне независноста на судството, а главниот обвинител ќе биде повеќе автономен. И, што е најважно, ќе се зајакне контролата врз она што го работи обвинителот“, заклучил Борисов.

Слични содржини