Борисов: Тоа што Бугарија ѝ го прави на Македонија е хаос, а Европа го гледа

од Nikola Popovski

Имам само една забелешка за номинацијата на кандидатот за премиер: Тоа требаше да биде Слави Трифонов. Мораа да го изберат уште пред шест месеци, да започнат со работа, да ги стават работите во ред, а потоа да го остават да работи. Како што ги менува своите кандидати за министри, така и ова момче ќе го смени утре, изјавил синоќа претседателот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов зборувајќи за лидерот на ИТН, Слави Трифонов, објави БГНЕС.

Тој додал дека тоа што Бугарија го прави со Македонија, или со невакцинирањето и се останатот во земјата, е хаос, а Европа тоа го гледа.

„Имам забелешка до Радев: даночен измамник беше назначен за шеф на Агенцијата за национални приходи, многу паметен финансиски измамник, велат неговите соработници. И токму тој беше поставен од актуелниот претседател“, обвинува Борисов.

Слични содржини