Покрај многубројните фанови, кои деновиве отпатуваа во Хрватска да ги бодрат нашите ракометари, најверни поддржувачи секогаш им се и нивните сопруги и девојки, кои неретко навиваат за нив од трибините, информира Фокус.

Понежната половина на нашиот голман Борко Ристовски, Николина, овој пат не е со него во Хрватска, но со цело срце го бодрела пред малите екрани, бидејќи е во поодмината бременост, а околу негативните коментари на социјалните мрежи по повод вчерашниот пораз од Шпанија, вели дека ниту таа, ниту пак Борко не зборуваат на таа тема никогаш.
-Моментално не сум во Хрватска, бидејќи влегов во осмиот месец од бременоста и многу би ми било напорно да сум таму. Што се однесува до негативните коментари упатени кон спортистите, јас навистина ниту ги читам, ниту ги вреднувам, бидејќи никому не му е потребна негативна енергија, посебно сега. Со Борко ниту еднаш не сме зборувале за тоа, всушност тој никогаш и не коментира такви работи. Свесни сме дека постојат луѓе кои така негативно се празнат, но тоа не е начин на кој се коментира првенството – вели Николина.
Таа додава дека иако не е со својот свршеник, сепак редовно ги следи натпреварите и е огнена навивачка пред малиот екран.
-Јас ги следам сите натпревари и со цело срце навивам за Македонија, верувам во што подобар пласман. Ракометот треба да е убава работа, позитивна, поради која луѓето ќе се собираат и навиваат за својата држава, ќе ги почитуваат и вреднуваат сите ракометари кои даваат се од себе за што подобар пласман на ЕП – раскажува Николина.
Целиот текст можете да го прочитате тука