Словенечкиот претседател Борут Пахор во вторникот тргна на пат да ја пропешачи Словенија во само седум дена, а последна станица му е Пиран.

Пахор со својот мал тим, во кој е неговиот син и две претставничи за односи со јавност, секој ден планираат да изодат по 40 километри, се додека не стигнат до морето.
Во Пиран ќе стигнат во понеделник, а веќе во вторник претседателот има обврски.
За разгледување на словенечката природа и контакти со народот, Пахор кој очекува поддрѓка од нив на претстојните претседателски избори, го користи одморот.
Пахор сам признава дека станува збор за предвремена претседателска кампања па фотографиите од патувањето ги објавува на социјалните мрежи.
Некои го фалат заради млаечкиот изглед и добрата физичка подготвеност, додека политичките опоненти го критикуваат за популизмот и тврдат дека Пахор е заведен од социјалните мрежи повеќе од американскиот претседател Доналд Трамп. Пахор и порано го нарекоа крал на инстаграмот.
Неговиот мандат истекува кон крајот на оваа година, а точниот датум на изборите ќе се објави во петок. Пахор за сега е фаворит.