Еве еден сјаен рецепт за вкусен босански бурек од готови кори.
СОСТОЈКИ:
500 гр тенки кори
30 гр квасец
250 мл млеко
6 лажици брашно
100 мл масло
200 гр сирење
200 гр кисело млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Сирењето издробете го, додајте кисело млеко. Квасецот потопете го во млеко, па додајте масло и брашно и добро изедначете. Раширете една кора на маса, па до неа додајте уште една.
Корите со четка намачкајте ги со млеко, брашно и квасец, а издробеното сирење наредете го на дното од корите. Малку свиткајте ги страните па свиткајте во тенка ролна. Малку премачкајте со масло и свиткајте во круг.
Плехот намастете го со масло и ставете ја ролната во плех. Така правете додека не го потрошите материјалот.
Вклучете ја рерната на 200 степени и печете околу 40 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: