Босански министер ја загуби битката со коронавирусот

од Aleksandar Petrovski
182 прегледи

Министерот за боречки прашања на Федерацијата на БиХ, Салко Букваревиќ, утрово почина на Клиниката за болести на белите дробови во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево. Букваревиќ беше хоспитализиран пред околу десетина дена, откако беше позитивен на тестот за коронавирусот.

Неговата здравствена состојба се влоши во понеделникот, а тој беше на терапија со кислород претходните денови, но тоа не беше доволно заради силното воспаление на двете белодробни крила.

Затоа тој беше поврзан на респиратор во вторникот наутро.

На 22 јули беше потврден позитивен тест за вирусот корона на Букваревиќ.

Тој е министер за боречки прашања во Владата на ФБиХ од 2015 година.