Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Лук Шо го пофали својот нов соиграч Златан Ибрахимовиќ кој стана многу брзо во голгетер на тимот. Швеѓанецот пристигна како слободен агент од ПСЖ и постигна голови во првите три официјални натпревари за “црвените ѓаволи”.

“Ибрахимовиќ е многу добар. Брзо стана важен дел од тимот. Прекрасно е дека има човек од кого можеме да учиме и да прашуваме за искуство. За време на ручек тој секогаш се шегува, раскажува интересни приказни”, изјави Шо пред Sportsmole.
“На теренот дава се од себе и сака да го гледа исто и меѓу соиграчите