Полициски службеници од СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Д. М. (20) од гостиварско село, со престој во Гостивар.
Се сомничи дека со сопругата на татко му, П.М. (47), физички ја нападнале неговата 23-годишна сестра и не ѝ дозволиле да излезе од домот.
Во врска со настанот во полициска станица бил извршен службен разговор и со П.М.
МВР ќе поднесе соодветна пријава по целосно документирање на случајот.