Братот на Анџелина Џоли е новата дадилка на нејзините деца

од Vladimir Zorba

Неодамна излезе веста за кризата на нејзиниот брак, но Анџелина Џоли веќе неколку месеци претходно ги остава своите деца во грижа на нејзиниот сакан и доверлив брат Џејмс Хејвен.38a7dcb700000578-3801053-image-a-7_1474493791413

43- годишниот Хејвен, првично беше виден во друштво на Анџелина и нејзините деца во Камбоџа, каде што таа снимаше филм, како и на неколку аеродроми од кои што патуваа заедно со Бред Пит.

И, сега се појавија фотографиите од Хејвен, направени само еден ден пред таа да го поднесе барањето за развод од Пит,  заедно со нејзините 3 биолошки деца(10- годишната Шајло и 8- годишните близнаци, Вивиен и Нокс), во парк во Лос Анџелес.38a8044300000578-3801053-uncle_angelina_jolie_s_brother_james_haven_was_pictured_taking_c-m-9_1474495720179

Хејвен и децата го поминуваа времето во паркот, играјќи бејзбол и одмарајќи на пикник маса, додека беа излезени на прошетка во неделата.

Тој ја носеше неговата омилена беретка и наочари, додека ги надгледуваше малите, заедно со уште една жена.38a805fd00000578-3801053-image-a-3_1474493748818

Еднократниот актер, за прв пат го привлече вниманието на јавноста, претходно во 2000-тата година, кога Џоли го бакна во уста на Оскарите, каде што таа ја доби наградата за најдобра споредна улога за филмот “Girl, Interrupted”.38a7d7f200000578-3801053-image-a-12_1474494640281

 

Неговото присуство беше забележано уште претходно годинава, како што изјавуваат изворите дека тој е дадилка со полно работно време, на децата на неговата сестра.

Во Јули, списанието “ОК”, тврдеше дека тој се обидува да ја замени татковската фигура на Пит, затоа што холивудскиот актер работел многу напорно и поголемиот дел од времето го поминувал надвор од дома.

Всушност Хејвен поминувал толку многу време со неговите внуци, што најмалите(Вивиен и Нокс), почнале да го викаат “тато”.

“Бред навистина се “убива” од работа во моментов и децата ретко го гледаат. Тој излегува од дома уште пред тие да се разбудат, а се враќа кога тие веќе спијат.”- изјавува списанието “OK”.

Се верува дека, наводно, една од дадилките, што помагала околу нивните деца, добила отказ затоа што Анџелина мислела дека ѝ се допаѓа Бред.38a9dcb000000578-3801053-image-a-8_1474493800545

“На дадилките им е најтешко. Едната беше отпуштена само затоа што едно од децата ѝ кажа на Анџелина, дека таа е “затрескана” во Бред, и тоа беше крајот.” – велат изворите.

Анџелина Џоли поднесе барање за развод, заради здравјетo на нивното семејство, наведувајќи ги како причина непремостливите разлики, 2 години по нивната венчавка на имотот во Франција, “Chateau Miraval”.

Извори на TMZ, блиски до двојката, јавуваат дека одлуката на Џоли за разделба со Бред е поврзана со начинот на кој тој се грижи за своите деца.

 

Слични содржини