Бразил: Конгресот го отфрли уставниот амандман на Болсонарo за начинот на гласање

од Stefanija Kuzmanovska

Долниот дом на бразилскиот Конгрес не го поддржа планот на десничарскиот претседател Жаир Болсонаро за промена на системот на гласање пред претседателските избори кои ќе се одржат следната година, пренесува Хина.

За уставниот амандман гласаа 229 претставници, 218 беа против, а еден воздржан. Неколку десетици претставници на законодавниот дом не присуствуваа на гласањето, а за да помине амандманот, требаше да се соберат три петтини од гласовите на сите пратеници. На крајот, предлогот, кој имаше поддршка од претседателот, „остана краток“ за 79 гласови.

Неколку часа пред гласањето, припадниците на бразилските поморски сили се појавија на бразилските улици и го покажаа сјајот на своето оружје. Членовите на сите политички опции ја нарекоа парадата на поморските тенкови и други оклопни возила како форма на малтретирање неколку часа пред да треба да прогласат уставен амандман кој доби поддршка од Болсонаро.

Бразилската морнарица соопшти дека парадата била планирана долго пред да се знае кога долниот дом на Конгресот ќе има закажано гласање и дека целта е да се покани претседателот на годишната воена вежба закажана за в недела.

Слични содржини