Момчето од Бразил кое на летот за Даблин буквално подиве, гризнал еден патник а потоа паднал во несвест и умрел. Подоцна е откриено дека во желудникот имал кокаин вреден 40 000 фунти кој на тој начин го шверцувал.
Џон Кенеди дос Сантос Гурјао станал насилен најверојатно откако се предозирал на летот од Лисабон за Даблин. После обдрукцијата е воочено дека 24 годишното момче во себе има 0,8 грама кокаин кој бил замотан во 80-тина мали кугли од кои едната најверојатно пукнала и предизвикала предозирање.
После слетувањето од авионот е уапсена и жена од Португалија кајкоја се најдени амфетамини, а се уште се истражува дали била поврзана со починатиот.
Младиот Бразилец имал осум браќа и сестри, а како дете останал без родители. Подоцна се одселил од дома во потрага по подобар живот. Но, ни членовите на неговото семејство не знаеле дека тој заминал толку далеку од дома, туку мислеле дека цело време е во Бразил.