Бразилскиот претседател доби забрана за влез на натпревар бидејќи не е вакциниран (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро не можеше да влезе во фудбалскиот натпревар помеѓу Сантос и Гремио бидејќи на невакцинираните навивачи не им беше дозволен влез на стадионот.

Болсонаро, кој ја прележа короната во јули минатата година, инсистираше да влезе во натпреварот бидејќи, како што рече, има „повеќе антитела отколку вакцинираните“, објави бразилскиот весник „Метрополес“.

-Зошто ковид-пропусница? Само сакав да го гледам натпреварот и тие ми рекоа дека треба да се вакцинирам, а имам повеќе антитела од нив, изјавил Болсонаро.

Нешто слично на Болсонаро му се случи и неодамна во Њујорк, каде што беше за време на неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој сакаше да јаде во ресторан, но не можеше да влезе бидејќи нема доказ за вакцинација, па мораше да јаде пица надвор, во околните фаст-фуд сендвичарници.

Болсонаро е познат како скептик во врска со ефикасноста на вакцините, но пред ОН дека неговата влада не е против вакцинација, туку каква било принуда, како што се ковид-сертификатите или задолжителнате вакцинација.

 

Слични содржини