Бред Пит се најде повторно во видното поле на медиумите кои известуваат дека актерот води активна смс кореспонденција со својата поранешна жена Џенифер Анистон.
Според информациите, чии извори не се откриваат, преписката е започната во февруари 2016г.
Се тврди дека актерот побарал контакт со Анистон, за да ја поздрави за 48-от нејзин роденден. По разделбата со неа во 2005 година. Бред Пит ѝ го избришал телефонскиот број од контактите.
До почетокот на минатата година тој не комуницирал со неа освен при официјални настани, на кои се разменувале учтиви фрази. Сега, сепак, кога актерот се наоѓа во тежок за него период, очигледно почувствувал потреба да добие поддршка од близок човек.
Двајцата поминаа пет среќни години, кога беа семејство.
Во овој момент информациите немаат официјална потврда. Во печатот постојано се појавуваат непотврдени гласини за Бред и Анистон. Самата актерка постојано вели дека е среќна со својот сопруг Џастин Теру и не планира да се враќа во минатото. Веројатно, ако сегашната конверзација е факт, веројатно се работи за пријателска поддршка.