Холивудската ѕвезда Бред Пит ќе купи апартман во црногорскиот туристички комплекс Порто Будва, пишува српскиот весник „Вечерње новости”.
Според неофицијалните информации, нему му се допаднал апартманот со две спални соби, во стан од 120 квадрати, за кој треба да плати 400.000 евра. Купопродажбата ќе се изврши преку посредник.
„Нема сомнение дека посетата на Бред Пит и Анџелина Џоли во Црна Гора пред шест години е оставило длабока трага. Познатата двојка тогаш не го криеше восхитувањето од убавината на црногорското крајбрежје и сега очигледно решиле да „фрлат сидро” таму, пишува српскиот весник.
Претходно ѕвездата се пазари и за хотели во Шибеник на истотот море ама во Хрватска.Според РТЛ, Бред Пит бил во Шибеник заради бизнис. Глумецот имал намера да вложува и токму таму да гради луксузни вили.

Тој престојувал во Заблаче, место покрај Шибеник, во друштво на десетина луѓе и на архитектот Никола Башиќ. Наводно, Бред Пит токму таму ќе вложува пари и ќе гради луксузни вили во партнерство со Швајцарците.