Овој викенд холивудската актерка Џенифер Анистон направи голема прослава по повод својот 50 роденден, а меѓу гостите беше и незиниот поранешен сопруг, Бред Пит.

Нејзината приватна журка привлече многу светски ѕвезди кои папараците внимателно ги чекаа пред познат ресторан во Западен Холивуд.
Додека многу ѕвезди немаа проблем со фотографите, една личност го привлече нивното внимание и сите други паднаа во втор план.
Меѓу ордата од обезбедување, фотографи и повикани гости актерот и поранешен сопруг на Џенифер Анистон се обиде да се искраде во ресторанот незабележан. Но, не успеа да побегне од острото око на папараците, па фатен е како влегува на забавата.
Фотографиите на Бред Пит во кус рок го обиколија светот и сите мислат дека нема сомнеж оти поранешните сопружници се смирија.

Покрај Бред, кој лицето го криеше под качкетот, на прославата присуствуваа и Гвинет Палтроу, Кети Пери, Орландо Блум, Барбара Стрејсенд, Кејт Хадсон, брачната двојка Клуни, Сандра Булок и други.
Џенифер на прославата стигна во елегантен црн комбинезон со гол грб, а изгледа не се грижеше за фотографите и новинарите додека влегуваше во ресторанот.
Двојката се венча во 2000 година, а се разидоа пет години подоцна, откако Пит со Анџелина Џоли го сними „Господин и госпоѓа Смит“.
Џенифер по Бред Пит беше во брак со актерот Џастин Теру од 2015 до 2017 година, кога се разведоја. Бред и АНџелина се раведоа во 2016 година.