Бремена медицинска сестра во 9-ти месец ги лечи заболените од вирус: Ова виде ги разбесни Кинезите! (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Во борбата против смртоносниот коронавирус во Кина медицинските лице деноноќно работат, многу од нив немаат време ни за одмор, а снимката на трудна медицинска сестра од болницата во Вухан предизвика негодување ширум земјата.

Иако државната телевизија CCTV ја прикажала Зао Ју , која е бремена во деветиот месец како хероина, тоа не им се допаднало на граѓаните кои сметаат дека на бремените жени не им е место со заболени од опасен вирус.

Еден корисник истакнал дека трудницата ја искористиле како „пропагандно средство“.

На снимката се слуша како пациентот и вели да не работи затоа што е опасно.

Зао Ју во видеото признава дека нејзиното семејство се противи таа и натаму да работи, но додава дека се надева дека ќе даде свој придонес во борбата против вирусот.

Слични содржини