Бричењето е она што им е заедничко на сите мажи на светот, но ретко кој маж знае правилно да се избричи. Токму поради тоа им остануваат исеченици, надразнета кожа и поткожни влакна.

–
Самиот чин не е штетен, но со секое бричење се вади по еден слој од кожата, заради што таа станува почувствителна. Затоа е потребно да се направи пауза од неколку дена, за да може да се опорави кожата. Употребата на соодветна крема е неопходна за да се намалат иритациите, но и побрзото старење на кожата. Пред да почнете да се бричите, препорачливо е да го измиете лицето со топла вода, за да ви омекне кожата. Потоа, нежно исушете го со крпа и нанесете крема, пена или гел за бричење.
Кога ги бирате козметичките средства, одлучете се за оние кои што не ја сушат кожата, но доволно ја навлажнуваат. Кога се работи за бричовите, користете со повеќе острици. Така ќе го намалите притисокот, а и бричењето ќе ви биде попријатно. Жилетот секогаш треба да ви биде остар, во спротивно нема да можете да ги одбегнете повредите на кожата.
Најчестата дилема е поврзана со правецот на бричењето, за резултатот да биде што подобар. Многумина обично се бричат спротивно од смерот на растот, бидејќи, тоа на прв поглед изгледа поефикасно. Но, таквото бричење предизвикува поткожни влакна и ириттација. На самиот крај, измијте го лицето со ладна вода и истапкајте го со крпа. Не заборавајте да нанесете балзам или крема кои кожата ќе ви ја заштитат и дополнително ќе ја хидратизираат.