Брисел ја поздрави одлуката на Собранието

од Stefanija Kuzmanovska

Шарл Мишел, Урсула фон дер Лејен и Оливер Вархеји го поздравивја денешното гласасње во Парламентот. Тие порачуваат дека со тоа се зацртал европскиот пат на земјата.

Само десетина минути откако 68 пратеници се изјаснија „за“ за заклучоците за францускиот предлог стигнаа пораките на Твитер од врвот на Европската унија и Европската комисија.

„Денешното гласање во Собранието на Македонија го поплочува патот за одржување на првата меѓувладина конференција идната недела. Ова е суштински чекор на земјата и за ЕУ. Нашата иднина е заедничка и ве чекаме со отворени раце“, напиша Шарл Мишел, претседател на Европскиот совет.

Слична порака на Твитер испрати и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен.

„Честитки до Македонија за гласањето со кое се овозможуваат условите за брзо отворање на пристапните преговори. Ова беше историска можност и вие ја искористивте“, напиша Фон дер Лејен.

„Го поздравувам гласањето по неколкудневна дискусија во парламентот со што на владата ѝ се дава чист мандат за почеток на првата Меѓувладина конференција базирана на францускиот предлог“, напиша еврокомесарот за проширување Вархеји.

Слични содржини