БРИСЕЛ МУ СЕ ЗАКАНИ НА ОРБАН: Му дадоа рок од два месеца или следи казна

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија ѝ даде рок од два месеца на Унгарија да го смени спорниот закон, според кој граѓанските организации треба да откриваат странски донатори, или ќе се соочи со финансиска казна, објави „Ројтерс“.

Минатата година Европскиот суд на правдата оцени дека унгарскиот закон од 2017 година вовел дискриминација и нефер ограничувања, кршејќи ги основните права, вклучително и правата за заштита на личните податоци и слободата на организациите.

– Граѓанските организации се неопходен дел од нашата демократија. Ние мора да ги поддржуваме, а не да се бориме против нив – рече Вера Јорова, заменик-шеф на Европската комисија (ЕК).

ЕК денес испрати писмо до премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, во кое се наведува дека му дава рок од два месеца да ја спроведе одлуката на Европскиот суд на правдата.

Слични содржини