Британија и САД воведоа санкции против седум Руси поради Навални

од Vladimir Zorba

Британија во четвртокот воведе санкции против седуммина офицери на Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) за кои се верува дека биле вмешани во инцидент со водечкиот опозициски лидер Алексеј Навални, соопшти Министерството за надворешни работи во ажурираната листа на санкции.

Соединетите држави се приклучија кон санкциите што ги воведе Велика Британија против седум руски офицери на ФСБ, се наведува во заедничкото соопштение на Стејт департментот.

Во документот се наведува дека се воведени санкции за Алексеј Седов, Кирил Василиев, Станислав Макшаков, Владимир Богданов, Алексеј Александров, Иван Спиридонов и Владимир Пањајев.

Ова значи дека нивните банкарски сметки се замрзнати и дека им е забранет влез во Велика Британија, пренесе ТАСС.

Официјален Лондон ги сомничи оперативците на руската разузнавачка служба за вмешаност во труењето на критичарот на Кремљ – Навјални, пренесе АП.

„Александров беше оперативец на криминалната единица која е присутна во Томск, каде што Навални беше отруен“, се наведува во записот на листата санкции.

„Доказите, вклучувајќи телефонски и патни записи, покажуваат дека Алексеј Александров бил еден од оперативците вклучени во употребата на хемиско оружје во обидот за атентат врз рускиот опозициски лидер Алексеј Навални за време на неговата посета на Сибир во август 2020 година“, се додава во документот.

Слични содржини