Британија подготвува карантински хотели: Секој што ќе пристигне во земјата оди во изолација и ќе плаќа од свој џеб

од Берта Китинска
261 прегледи

Сите граѓани на Велика Британија и нејзините странски жители кои пристигнуваат од земјите идентификувани како жаришта на вирусот корона, ќе треба да поминат 10 дена во карантин во хотели на свој трошок, почнувајќи од 15 февруари, соопшти денеска Владата.

Меѓународното патување е веќе ограничено, а на Британците им е забрането да одат на одмор во странство. Луѓето кои доаѓаат од странство, засега, треба да покажат негативен тест за вирусот корона и да се изолираат по пристигнувањето, но примената на таа регулатива е нејасна.

Главната опозиција, Лабуристичката партија, рече дека е „неразбирливо“ тоа што карантин во хотелите е воведен само 50 дена откако беше идентификуван нов, попренослив вид на вирус од Јужна Африка.

Велика Британија ги доживеа најлошите ефекти од пандемијата на коронавирусите во Европа, со повеќе од 110.000 потврдени смртни случаи, но исто така спроведува една од најбрзите кампањи за вакцинација во светот: досега првата од двете дози на вакцината ги прими скоро 10,5 милиони луѓе, 20 проценти од сите возрасни.

Британската влада има намера да вакцинира 15 милиони луѓе до 15 февруари, вклучувајќи ги сите над 70-годишна возраст и хронично болните, и до мај сите над 50-годишна возраст со најмалку една доза, така што планираните локални избори во Англија да бидат на 6 мај.

Слични содржини