Британска жешка линија има проблем со „двојник“

од Vladimir Zorba
70 прегледи

 

Жителите на ирскиот град Вестпорт по цели ноќи остануваат будни поради постојаното ѕвонење на телефоните.

Всушност, се работи за повици упатени кон британската еротска телефонска линија „Бејб стејшн“, чијшто повикувачки број е ист како и оној на Вестпорт. Грешката се случува поради тоа што луѓето од Ирска кои се јавуваат на жешката линија, често забораваат да го внесат меѓународниот повикувачки број за Велика Британија.

Сето ова стигна и до ирскиот Парламент, каде пратениците бараат британското Регулаторно тело да го реши проблемот.

Директорот на ирската Радиодифузна управа Мајкл О’Киф пак, изјавува дека разговорите со сопствениците на еротската линија се во тек, и дека се надева на позитивен исход