Британската мутација се шири, топлото време ги опушти луѓето

од Берта Китинска
229 прегледи

Седумдесет отсто од новите случаи на ковид-19  во земјава се од новата британска мутација .

„Ќе ја следиме ситуацијата деновиве, да видиме дали е мини бран, по што ќе се знае дали ќе се препорачаат дополнителни рестриктивни мерки за одредени реони или за цела држава. Поради топлото време луѓето се опуштија, не носат маски при движење на отворено и не се одржува дистанца“, рече Филипче.

Моменталната состојба  по градови на заболени и активни случаи изгледа вака:

Скопје 44485, активни 3421

Кавадарци 3304, активни 559

Охрид 3218, активни 403

Прилеп 5328, активни 604

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.

Слични содржини