Британски хирург ја покажа идеалната жена

од Vladimir Zorba
250 прегледи

Британски пластичен хирург состави фотопортрет на идеалната жена, користејќи црти од лицата на познати личности, на кои често сакале да личат неговите пациентки, пренесе New York Post.eb18287ff939dc85e4202f08196b77cd

За да создаде фоторобот на идеалната убавица, Џулијан Де Силва од лондонската клиника Centre for Advanced Facial Cosmetic and Plastic Surgery ги анализирал желбите на жените за последните 10 години од својата пракса и ги избрал најпознатите.

Тој истражувал случаите на илјадници свои пациентки. Лекарот појаснил дека често претставничките на понежниот пол сакале носот да им е како на војвотката на Кембриџ – Кетрин. Де Силва вели дека и тој го смета носот на сопругата на принцот Вилијам за беспрекорен.

Според мислењето на експертот, пропорциите на овој дел на лицето на војвотката се “математички правилни”. Пациентките на хирургот исто така често сакале нивните очи да се како на Кира Најтли, веѓите на Џенифер Лопез, а усните – на Пенелопе Круз.

Исто така дамите редовно ги сакале јаболчниците на Анџелина Џоли, челото на Мајли Сајрус, вилицата на Шер и брадата на Селена Гомез. Де Силва вели дека не гледа ништо лошо во желбата на клиентките да личат на ѕвездите.

Лондонски лекар одамна се занимаваше со истражување на женската убавина. Претходно оваа година, по методот на компјутерска картографија и формула на златниот пресек, лекарот, заедно со колегите, го “најде” најпропорционалното лице во светот. Според неговото мислење, тоа личи на тоа на Амбер Херд.