Семето на сите 18-годишни треба да се замрзне за да се користи подоцна, поради ризиците на одложено татковство, изјави британскиот научник.px218015

Д-р Кевин Смит од “Абарти Универзитетот” во Данди коментира за ББС дека банките за сперма треба да се претворат во норма. Тој мотивира со здравствените ризици за децата, плод на постари родители.

Британското здружение за плодноста сепак ја отфрли идејата на Смит со образложение дека тоа би создало “премногу вештачки пристап кон репродукцијата”. Наместо тоа, тие го повикаа Лондон да поддржува повеќе млади родители.

Трендот во Велика Британија е мажите да имаат деца сѐ подоцна. Просечната возраст на која Англичаните стануваат татковци, е 33 години. Во деведесеттите таа беше 31 година.

Слични содржини