Британскиот премиер Џонсон префрлен на интензивна нега

од Nikola Popovski
139 прегледи

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон е префрлен на интензивна нега, јавува Би-Би-Си.

Борис Џонсон бил примен в болница во неделата вечер и му биле извршени дополнителни тестови откако страдал од симптомите на коронавирус повеќе од 10 дена, но владата досега тврдеше дека тој е во добро расположение и се уште раководи со земјата.

„Попладнево состојбата на премиерот се влоши и тој, по совети од медицинскиот тим, беше префрлен на одделението за интензивна нега во болницата“, изјави портпарол на премиерот.

„Премиерот побара од министерот за надворешни работи Доминик Раб, кој е прв државен секретар, да го заменува“, соопшти Даунинг стрит.

55-годишниот Џонсон  беше тестиран позитивен на Ковид-19 на 26 март годинава.