Британскиот вид на корона откриен кај лица кои ги примиле двете дози од вакцината

од Stefanija Kuzmanovska
388 прегледи

Коронавирусот влегол во старечкиот дом Санкт Мариен во градот Белм по ревакцинација на лицата кои престојуваат во истиот.

Домот за стари лица помина низ целата корона-криза без инфекција, сè до почетокот на февруари, кога беше утврден британскиот вид, дури и меѓу ревакцинираните лица.

Сите во тој дом биле ревакцинирани, но откако дневниот брз тест кај една негувателка бил позитивен, се утврдило дека и 14 лица кои престојувале биле заразени со британскиот вид на вирусот.

Сите станари на домот ја примиле втората вакцина на Бионтек-Фајзер на 25 јануари, а засега е нејасно кога се заразиле.

Меѓутоа, позитивните лица немаат потешка форма на болеста, туку претежно се асимптоматски.

Вирусологот Бернхард Флекенштајн од Универзитетот во Ерланген за „Билд“ изјавил дека почетната точка е дека инфекцијата е можна дури и по вакцинирањето, но без тешка форма на болеста.

Тој наведува дека е можно лицата да се заразиле пред вакцината, бидејќи PCR тестот може да биде позитивен и до шест недели по инфекцијата.

Слични содржини