Експертите од британската лабораторија Forensic Explosives Laboratory (FEL) откриле траги од ТНТ во повеќето од достапните 200 примероци од авионот на полскиот претседател Лех Качински, кој се урна крај рускиот Смоленск , соопшти весникот Gazeta Polska Codziennie.
Британските експерти ги потврдиле наодите на Поткомитетот на поранешниот полски министер за одбрана Антони Мацаревич по истрагата за несреќата со владиниот Ту-154М од 10 април 2010 година
“Во повеќето од вкупно 200 примероци кои полската обвинителство ги предаде во мај 2017 година на лабораторијата на британското Министерство за одбрана, биле пронајдени траги од материјали кои се користат за производство на експлозиви, поточно ТНТ “, гласи официјалното соопштение по истрагата.
Потсетуваме дека претседателот Качински и неговата сопруга, како и други високи личности од полската политичка елита , загинаа во падот вкупно 96 лица .
Минатата година полската страна иницира нова истрага . Според утврдените податоци, експертите заклучиле дека во леталото имало неколку експлозии и авионот почнал да се распаѓа уште во воздухот. Истрагата сепак не може да биде завршено, бидејќи руската страна одбива да го предаде црните кутии на авионот, дел од остатоците, како и други докази , иако е побарано и со резолуција на Парламентарното собрание на Советот на Европа, усвоена во Стразбург.