Заборавете за девојките на Бонд – британските шпионски агенции ќе регрутираат средовечни мајки за да го зголемат бројот на кадрите, соопшти парламентарниот комитет за разузнавање и безбедност.AP1306081140-article-display-b

Додека МИ5 и МИ6 избираа нови кадри меѓу учениците од Оксфорд и Кембриџ, сега тие треба да користат онлајн форуми од родот на Mumsnet.

“Жените кои имаат деца и имаат креирано семејство, имаат различен животен пристап, и јас не мислам дека воопшто сме  допреле до оваа категорија луѓе”, изјави Хазел Блиерс, главен автор на извештајот на Комитетот.

И покрај напредокот во последните 15 години, извештајот утврди дека жените сочинуваат само 37% од работната сила во разузнавањето, повеќето од нив на ниско ниво. Остануваат и “културните и прашања на однесувањето”, кои им отежнуваат на жените во напредувањето кон повисоките позиции.

“Јасно е дека луѓето на средното раководно ниво имаат традиционален машки менталитет”, дополнува Блиерс.

Исто како штп Џуди Денч ја извршуваше улогата на шефот на меѓународната шпионска агенција МИ6, две жени, Стела Римингтон и Илајза Менинг-Бјолер, биле на чело на внатрешната агенција МИ5.

Но, во моментот жените заземаат само 19% од високите позиции во разузнавањето, во споредба со 38% во граѓанските служби. Работите се подобруваат, како и минатата година 44% од новите засилувања во МИ6 се жени и 41 во МИ5.

Извештајот препорачува повеќе охрабрување и советување во кариерата за жените, за да им помогне на жените со оперативните функции кои не треба да бидат “оставани настрана”, откако ќе родат деца.

Велика Британија не е единствената земја која се обидува да ги разграни разузнавачките си агенции – американски извештај од 2013 година разгледувал начини како повеќе жени да добијат високи позиции во ЦИА, каде жените во моментов сочинуваат 48% од работната сила.

Слични содржини