464
Регистриран е нов инцидент во кој се вклучени британски државјани. Овој пат двајца млади Британци се приведени откако нападнале 48-годишен охриѓанец, информираат од МВР.
-На 24.05.2022 околу 20.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода К.О.Г.(21) и К.К.(29), двајцата од Велика Британија, затоа што на улица „Наум Охридски” физички го нападнале Б.Н.(48) од Охрид. Лицата се задржани во СВР Охрид за понатамошна постапка, соопшти полицијата.
Пред само неколку дена неколку Британци украдоа такси од скопјанец, а претходно други британски државјани демолираа угостителски објект во Неготино.