Британците загрижени за кралицата: Еве кога последен пат се видела со Чарлс

од Elena Daskalova

Откако беше потврдено дека принцот Чарлс е заразен со коронавирус, Британците се загрижија за кралицата Елизабета, која исто како и нејзиниот син, спаѓа во ризичната група.

Принцот Чарлс, како и неговата сопруга, војвотката од Корнвол, Камила, согласо препораките на лекарите, се во изолација во Шкотска. Таа засега не е заразена, но по извесно време ќе треба да го повтори тестот.

Од моментот кога веста се расчу, Британците стравуваат за животот на нивната кралица. Според официјалното соопштение на Бакингемската палата, таа се чувствува добро, а последен пат била во контакт со принцот на 12 март. Кралицата заедно со принцот Филип е во изолација во Виндзор.

Слични содржини